Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4:31-44

Лука 4:31-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот. Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет. Во синагогата имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас: „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“ Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го. Луѓето беа стаписани и си говореа еден со друг: „Какви моќни зборови, полни со власт и сила да им се заповеда на демони и тие да излегуваат!“ По ова, веста за Исус се разнесе низ сите околни места. Исус си замина од синагогата и дојде во куќата на Својот ученик Симон Петар, каде што неговата тешта лежеше болна и имаше голема треска. Исус беше замолен да ја исцели, а Тој се наведна над неа и со заповед ја ослободи од треската. Жената веднаш стана и почна да ги послужува. На зајдисонце сите што имаа болни од некаква болест ги носеа кај Исус и Тој ги положуваше Своите раце врз нив и сите тие оздравуваа. Од мнозина излегуваа демони, извикувајќи: „Ти си Божјиот Син!“, а Тој им забрануваше да зборуваат, зашто тие знаеја дека Тој е Месијата. Следниот ден, во мугрите, Исус стана и отиде сам на едно пусто место. Луѓето почнаа да Го бараат и кога Го најдоа Го задржуваа да не си оди, но Тој им рече: „Треба да ја проповедам Радосната вест за Божјото царство и во другите градови, зашто сум испратен за таа цел.“ И проповедаше по синагогите низ цела Јудеја.

Лука 4:31-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови. И се чудеа на Неговата наука, за­што Неговото слово беше силно. Во синагогата се наоѓаше еден чо­век обземен од дух на нечист демон, и тој извика гласно: „Еј, што сакаш Ти, Исусе од На­за­рет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“ А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи. Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на не­чис­ти­те духови и тие излегуваат!“ Па се разнесе глас за Него по сите околни места. Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Си­мон имаше силна треска, и Го помолија за неа. И како застана над неа, Тој ја пре­кори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше. И на зајдисонце, сите што имаа бол­ни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше. Од мнозина излегуваа демони со ви­кање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им доз­волуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос. Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив. А Тој им рече: „И на другите гра­до­ви треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пра­тен.“ И проповедаше по синагогите га­ли­лејски.

Лука 4:31-44 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И слезе во Капернаум, град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота. И ѝ се восхитуваа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно. А во синагогата имаше човек опфатен од дух на нечист бес; тој извика со силен глас: “Ех, што имаме ние со Тебе - Исусе Назареецу? Дали дојде да нѐ упропастиш? Знам, Кој си Ти: Божји Светец.“ А Исус го прекоруваше, велејќи: „Молкни и излези од него!“ Тогаш бесот го кутна на средина и излезе од него, и ништо не му напакости. И сите се исплашија и си велеа еден на друг: „Какво е тоа слово, да со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и излегуваат?“ И се разнесе глас за Него по сите околни места. И стана од синагогата, влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта беше опфатена од силна треска и Го помолија за неа. И се наведна кон неа, ѝ запрети на треската, и таа ја остави, и стана веднаш и им служеше. А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели. И лоши духови излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син.“ А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос. А кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а народот Го бараше и дојдоа до Него, и сакаа да Го задржат, за да не си отиде од нив. А Тој им рече: „И на другите градови треба да им го проповедам Евангелието за Божјото Царство, зашто Сум испратен за тоа.“ И проповедаше по синагогите во земјата Јудејска.