Лука 12:1-3
Лука 12:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се насобра многуброен народ, така што луѓето едни на други си ги газеа стапалата, Исус најпрво им се обрати на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квасец, односно, од нивното лицемерство! Сe што е прикриено, ќе биде откриено и секоја тајна ќе биде јавно изнесена. Сe што сте кажале во темнина, ќе излезе на виделина, и тоа што сте го шепотеле во собите, ќе се разгласува од покривите!“
Лука 12:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг, Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие. Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае. Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.
Лука 12:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во меѓувреме се собра едно многуилјадно множество, така што се газеа еден со друг; почна да им зборува првин на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, што е лицемерие! Нема ништо сокриено, што не ќе се открие; ниту тајно, што не ќе се узнае! Затоа, тоа што сте рекле во темнина, ќе се чуе на видело; и што сте рекле на уво во собите, ќе биде разгласено од покривите.