Јован 12:9-11
Јован 12:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во меѓувреме голем број Евреи дознаа дека Исус е таму, па дојдоа, не само заради Него, туку и да го видат Лазара, кого Тој го оживе од мртвите. Тогаш свештеничките поглавари решија да го убијат и Лазара, бидејќи заради него голем број Евреи ги напуштаа свештениците и почнуваа да веруваат во Исус.
Јован 12:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, зашто мнозина од Јудејците се издвојуваа поради него и веруваа во Исус.
Јован 12:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Многу Јудејци научија дека е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого го воскресна од мртвите. Главните свештеници пак одлучија да го убијат и Лазара, зашто многу Јудејци заминуваа заради него и веруваа во Исуса.