Еремија 20:8-9
Еремија 20:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, штом ќе почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејќи словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев. Па си реков: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го задржам – но не можев.
Сподели
Прочитај Еремија 20Еремија 20:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто штом ќе проговорам, треба да викам, треба да навестувам: „Насилство! Пропаст!“ Навистина Господовото слово ми стана за презир и за потсмев цел ден. И реков во себеси: „Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Негово Име.“ Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе.
Сподели
Прочитај Еремија 20