Исаија 54:2-4
Исаија 54:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои; зашто ти ќе се рашириш десно и лево, и потомството твое ќе завладее народи и ќе ги насели опустошените градови. Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое.
Исаија 54:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Рашири го просторот на својот шатор распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата, зашто ќе се прошириш десно и лево. Твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови. Не бој се, нема да се посрамиш, не срами се, не ќе црвенееш. Ќе го заборавиш срамот на својата младост и веќе нема да си спомнуваш за подбивот на своето вдовство.