Осија 14:1-3
Осија 14:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани. Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие. Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“
Осија 14:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Самарија ќе биде запустена зашто се побуни против Својот Бог. Тие ќе паднат од меч, нивните младенци ќе бидат погубени, ќе им ги распорат нивните трудни жени. Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие. Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни.