Осија 1:3-7
Осија 1:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која зачна и му роди син. Тогаш Господ му рече: „Стави му име Јизреел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јехуевиот дом за крвта пролеана во Јизреел и ќе го укинам царството на Израел, и во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Јизреел.“ Таа пак зачна и роди ќерка, и Тој му рече: „Именувај ја Ло-Рухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израелов, и да им проштевам. А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам Јас, нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.“
Осија 1:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син. Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом. И во тој ден ќе го скршам израелскиот лак во Езраелската Долина.“ И таа пак зачна и роди ќерка. И Господ му рече: „Наречи ја со името: Непомилувана (Ло-Рухама), зашто отсега нема да ми биде мила Израелевата куќа, ќе се повлечам од неа; а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.“