Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 1

1
1Господовото слово што му дојде на Осија, синот Веириев, во денови на Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејските цареви, во деновите на Еровоам, синот Јоасов, израелскиот цар.
2Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.”
3И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син.
4Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом.
5И во тој ден ќе го скршам израелскиот лак во Езраелската Долина.”
6И таа пак зачна и роди ќерка. И Господ му рече: „Наречи ја со името: Непомилувана (Ло-Рухама), зашто отсега нема да ми биде мила Израелевата куќа, ќе се повлечам од неа;
7а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.”
8Кога ја одби Непомилувана (Ло-Рухама), пак зачна и роди син.
9И Господ рече: „Наречи го со името Ло-Амиј (Не-Мој- Народ), зашто веќе не сте Мој народ, и Јас веќе не Сум ваш Бог.”
10А Израелевите деца ќе бидат на број како мроска песок што не може да се измери ни да се изброи. Во место каде што им зборуваат: Вие не сте Мој народ, ќе ги наречат: Синови на Живиот Бог.
11Ќе се обединат Јудините синови и Израелевите синови, ќе си постават за себе еден главатар и ќе заминат од земјата: зашто голем ќе биде езраелскиот ден.

Селектирано:

Осија 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност