Осија 1:1-2
Осија 1:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Слово Господово што беше упатено до Осија, син Беериев, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз, Езекија и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов. Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: „Оди и земи жена блудница, па роди деца од блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господ.“
Сподели
Прочитај Осија 1Осија 1:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господовото слово што му дојде на Осија, синот Веириев, во денови на Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејските цареви, во деновите на Еровоам, синот Јоасов, израелскиот цар. Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.“
Сподели
Прочитај Осија 1