Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 2:15-22

Создавање 2:15-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува. И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо. Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот.

Создавање 2:15-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува. Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.“ Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името. Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето. Но за човекот не се најде помош соодветна на него. Тогаш Господ, Бог, му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа, и му извади едно од неговите ребра, а местото го исполни со месо. Од реброто што го зеде од човекот Господ, Бог, обликува жена и ја доведе при човекот.