Галатјаните 3:6-8
Галатјаните 3:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност. Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам. Светото Писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог. Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“
Галатјаните 3:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“
Галатјаните 3:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.“ И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата. А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“