Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 3:19-25 - Compare All Versions

Галатјаните 3:19-25 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Тогаш зошто постои Мојсеевиот Закон? Тој им беше даден на луѓето за да сфатат дека се грешни. Тој беше на сцена се додека не дојде Потомокот за Кого беше дадено ветувањето. Постои уште една разлика. Ангелите му го дадоа Законот на Мојсеј, а тој им го пренесе на луѓето. Посредник е потребен кога има две страни, а при ветувањето дадено на Авраам, Бог дејствуваше самостојно. Тогаш, дали Законот е во спротивност со Божјото ветување? Никако! Ако Мојсеевиот Закон можеше да ни даде живот, тогаш луѓето ќе се помируваа со Бог со придржување кон Законот. Светото Писмо, меѓутоа, вели дека сите сме заробеници на гревот, па единствениот начин да го добиеме она што Бог го вети е преку вера во Исус Христос. Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор. Така Законот ни беше воспитувач што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера. Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.

Галатјаните 3:19-25 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, пре­ку рака на посредник. Но посредникот не може да биде са­мо посредник на еден, а Бог е еден. Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправда­нието ќе произлегуваше од Законот. Но Писмото сите ги затвори под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат. Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие. И така, Законот беше за нас вос­пи­тувач да нѐ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата; а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.

Галатјаните 3:19-25 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Тогаш, зошто е Законот? Тој е определен со посредство на ангели, со рака на еден посредник, па е додаден заради престапите, додека не дојде Семето, Кому Му е дадено ветувањето. Посредник пак нема таму, каде што е само еден; а Бог е еден. Според тоа, дали е Законот противен на Божјите ветувања? Далеку од тоа! Зашто, ако беше даден закон, што може да даде живот, тогаш навистина праведноста би била од законот. Но Писмото сите ги затвори под грев, и врз основа на верата во Исуса Христа ветувањето да им биде дадено на оние, кои веруваат. А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие. Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата. А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.