Галатјаните 3:1-6
Галатјаните 3:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
О, неразумни Галати! Кој ве маѓепса!? Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот. Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте? Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното! Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!? Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте? Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност.
Галатјаните 3:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса (та не се покорувате на вистината) вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас? Само ова сакам да го дознаам од вас: преку делата на Законот ли го добивте Духот или преку пораката на верата? Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега завршувате? Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо! Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку пораката на верата? Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.
Галатјаните 3:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат? Сакам само ова да го научам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело? Дали толку многу страдавте напразно? Ако е навистина напразно! А Оној, Кој ви дава Дух и прави силни дела во вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.“