Галатјаните 2:9-10
Галатјаните 2:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнаба во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите. Единствено од мене бараа да не ги забораваме сиромашните, за кои јас и досега ревносно се грижам.
Галатјаните 2:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај незнабошците, а тие – кај обрезаните. Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.
Галатјаните 2:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните; само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.