Излез 33:8-11
Излез 33:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, додека не влезе во скинијата. А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј. И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор. И тогаш Господ зборуваше со Мојсеј лице в лице, како што човек зборува со пријателот свој. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, додека неговиот помошник, младиот Исус, синот Навинов, не излегуваше од скинијата.
Излез 33:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога и да тргнеше Мојсеј кон Шаторот, целиот народ стануваше; секој стоеше при влезот во својот шатор и гледаше по Мојсеја додека влезеше во Шаторот. А кога Мојсеј ќе влезеше во Шаторот, облачниот столб се спушташе и остануваше на влезот на Шаторот, додека Господ разговараше со Мојсеја. Гледајќи го облачниот столб како стои до влезот на Шаторот, целиот народ стануваше и секој се поклонуваше длабоко при вратата на својот шатор. Така Господ разговараше со Мојсеја лице во лице, како што човек разговара со пријателот. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, ама неговиот помошник Исус, синот Навинов, младец, не се помрднуваше од Шаторот.