Излез 2:1-4
Излез 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еден човек од племето Левиево отиде и си зеде жена од ќерките Левиеви. Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци. Но, кога не можеше повеќе да го крие, зеде кошниче од трски го облепи со асфалт и смола; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката. А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него.
Излез 2:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка. Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци. Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката. Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.