Ефесјаните 1:16-18
Ефесјаните 1:16-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас. Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно. Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ
Ефесјаните 1:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите
Ефесјаните 1:16-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него: и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите