Проповедник 1:7-11
Проповедник 1:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново. Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас. Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.
Проповедник 1:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек. Сѐ е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно. Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето. Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!“ Сѐ суштествуваше дамно пред нас. Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после. МУДРОСТ И ЗАДОВОЛСТВА Суета на човечка мудрост