Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 1

1
1Зборови на Проповедникот, Да-видовиот син, царот во Ерусалим.
2”Суета над суетите, вели Проповедникот, суета над суетите, сè е суета!”
3Каква му е ползата на човекот од сиот негов труд, со кој се труди под сонцето?
4Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш.
5Сонцето изгрева, сонцето заоѓа и тогаш брза кон своето место откаде изгрева.
6Ветерот дува кон југ, и се свртува кон север, виори сега наваму сега натаму, и се враќа во нов виор.
7Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек.
8Сè е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно.
9Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето.
10Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!” Сè суштествуваше дамно пред нас.
11Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после.
12Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим.
13И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сè што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа.
14Видов сè што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!
15Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи.
16Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.”
17Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер.
18Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.

Селектирано:

Проповедник 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност