Колосјаните 4:7-9
Колосјаните 4:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене. Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри. Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.
Колосјаните 4:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Што се однесува до мене, сѐ ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ, кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши, заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат сѐ што станува овде.
Колосјаните 4:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
За мене ќе ви рече сѐ Тихик, возљубен брат и верен слуга и соработник во Господа, кого го испраќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и да ги утеши вашите срца, заедно со верниот и возљубен брат Онисим, кој е од вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.