Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 4

4
1 # 3 Мојс 25,43.53; Ефес 6,9 Вие, господари, бидете справедливи спрема слугите свои и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!
Препораки
2 # Ефес 6,18-20 # Мт 26,41; Рим 12,12; Фил 4,6 Бидете постојани во молитвата, би­дете бодри во неа со благодарност! 3#Ефес 6,19-20#Рим 15,30; 2 Кор 2,12; 2 Сол 3,1Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови, 4та да ја откријам, како што треба да зборувам! 5#5 Мојс 4,11; Рим 12,17; 1 Кор 5,12; Ефес 5,15-16; 1 Птр 2,12Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето! 6#Мк 9,50; Ефес 4,29; 1 Птр 3,15Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!
Последни поздрави и лични пораки
7 # Ефес 6,21-22 # Дела 20,4; 2 Тим 4,12; Тит 3,12 Што се однесува до мене, сѐ ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ, 8кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши, 9заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде. 10#Дела 12,12.25; 15,37-39; 19,29; 20,4; 27,2; 2 Тим 4,11; Флмн 1,23-24; 1 Птр 5,13Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го. 11Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха. 12#1,7; 2,1; 1 Мојс 32,29; 2 Мојс 11–14; Рим 15,30; Флмн 1,23Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исус Христос, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја. 13#2,1Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Јерапол. 14#2 Тим 4,10-11; Флмн 1,24Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас. 15#Рим 16,5; Флмн 1,2Поздравете ги браќата во Лаоди­ки­ја, и Нимфана, и неговата домашна црк­ва! 16Откако ова послание ќе биде про­чи­тано кај вас, потрудете се да биде про­читано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие. 17#Флмн 1,2Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господ да ја извршуваш!“ 18#1 Кор 16,21; Гал 6,11; Ефес 3,1; 4,1; 6,20; Фил 1,7.13; 2 Сол 3,17; 2 Тим 1,8 Своерачен поздрав од мене, Павле. Помнете ги оковите, мои! Благодат ме­ѓу сите вас. Амин!

Селектирано:

Колосјаните 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се