Колосјаните 2:7-10
Колосјаните 2:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ. Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос, зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело, па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.
Колосјаните 2:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност. Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт
Колосјаните 2:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста. Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа. Зашто во Него живее сета полнота на Божеството, и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.