Дела 8:5-8
Дела 8:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос. Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше и ги гледаше чудата што тој ги правеше. Многу демонски духови со силен викот излегуваа од обземените и многу парализирани и сакати беа исцелени. Во градот завладеа голема радост.
Дела 8:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така Филип слезе во еден самарјански град и таму им Го проповедаше Христос. Народот еднодушно внимаваше на тоа што зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што ги правеше тој; зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од оние во кои се наоѓаа, и мнозина неподвижни и сакати оздравуваа. И голема радост настана во тој град.
Дела 8:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа. И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше. Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени. И стана голема радост во оној град.