Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела Ап. 8

8
1Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
2А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.
3Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.
4Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.
5Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.
6И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.
7Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.
8И стана голема радост во оној град.
9А порано во тој град се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој правеше магии и го зачудуваше самарискиот народ, зборувајќи за себе дека е нешто големо;
10овој го слушаа сите од мал до голем, велејќи: „Овој е голема Божја сила.”
11А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии.
12А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените.
13И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.
14А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована,
15кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,
16зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса.
17Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.
18А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници,
19велејќи: „Дајте ми ја мене таа власт, на кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!”
20Но Петар му рече: „Нека одат во пропаст твоите сребреници заедно со тебе, зашто си помислил да го добиеш Божјиот дар со сребреници!
21Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бога.
22Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господа да ти ја прости помислата на твоето срце.
23Зашто гледам дека си во горчлива жолчка и во оковите на неправдата.
24А Симон во одговор рече: „Молете Му се вие на Господа за мене, за да не ме најде ништо од она што рековте!”
25Тие пак, откако посведочија и го кажаа Господовото слово, се вратија во Ерусалим, проповедувајќи им го Евангелието на многу самариски села.
26И Господов ангел му рече на Филипа: „Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа, и тој е пуст.
27Тој стана и отиде. И ете, маж Етиопец - скопеник, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше одговорен над целата и ризница, а беше дошол во Ерусалим да се поклони,
28и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија.
29А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!”
30Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?”
31Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!” И го повика Филипа да се качи и да седне со него.
32А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста.
33Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.”
34Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”
35А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.
36А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?”
37А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.”
38И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.
39А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат.
40А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи го проповедаше Евангелието, по сите градови додека не дојде во Ќесарија.

Селектирано:

Дела Ап. 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност