Дела 8:32-35
Дела 8:32-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. Во неговата понизност Тој беше лишен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му благовести за Исус.
Дела 8:32-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“ Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“ Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.
Дела 8:32-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. Во неговата понизност Тој беше лишен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му благовести за Исус.
Дела 8:32-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста. Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?“ А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.