Дела 2:40-41 - Спореди ги сите верзии
Дела 2:40-41 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“ И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
Дела 2:40-41 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“ Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.
Дела 2:40-41 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И уште со многу други зборови сведочеше и ги опоменуваше, велејќи: „Спасете се од ова расипано поколение!“ И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово. И во тој ден се приклучија околу три илјади души.