2 Тимотеј 1:7-8
2 Тимотеј 1:7-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина. Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.
2 Тимотеј 1:7-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога
2 Тимотеј 1:7-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење. И така, не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога