Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ТИМОТЕЈА 1

1
Вовед
1Павле, апостол на Христа Исуса по Божја волја, според ветениот живот во Христа Исуса, 2до Тимотеј, возљубеното чедо: благодат, милост и мир од Бог Таткото и Христа Исуса, нашиот Господ.
3Му благодарам на Бога Кому Му служам уште од моите прародители со чиста совест, спомнувајќи те постојано - ноќе и дење - во своите молитви; 4а кога ќе си спомнам за твоите солзи, копнеам да те видам, да се исполнам со радост; 5кога си спомнувам за нелицемерната вера која е во тебе, која прво се наоѓаше во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а уверен сум и во тебе.
Евангелието да биде проповедано без страв
6Затоа ти напомнувам да го разгориш Божјиот дар, кој е во тебе преку возлагањето на моите раце. 7Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење. 8И така, не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога, 9Кој нѐ спаси и нѐ повика со свет повик, не според нашите дела туку по сопствена одлука и благодат, која ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња, 10а која сега се откри преку јавувањето на нашиот Спасител Христос Исус, Кој ја уништи смртта и ги осветли животот и бесмртноста преку Евангелието, 11за кое јас сум поставен како проповедник, и апостол, и учител. 12Заради тоа и го трпам сѐ ова, но не се срамам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој може да го запази она што Му го доверив, до оној Ден. 13Држи се за образецот на здравите зборови што си ги чул од мене во верата и љубовта која е во Христа Исуса! 14Запази го доброто што ти е доверено преку Светиот Дух, Кој живее во нас.
15Ти го знаеш тоа, дека во Азија сите се одвратија од мене, меѓу кои се Фигел и Ермоген. 16Господ да му даде милост на Онисофоровиот дом, зашто повеќе пати ме охрабруваше и не се засрами од моите окови, 17туку, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде. 18Господ да му даде да најде милост пред Господа во оној Ден! И како сѐ ми услужи во Ефес, ти најдобро го знаеш тоа.

Селектирано:

2 ТИМОТЕЈА 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност