2 Петар 1:1-2
2 Петар 1:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител. Ви посакувам се подобро да го запознавате Исуса, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде се поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.
2 Петар 1:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам. Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
2 Петар 1:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос ја примија истата скапоцена вера како и ние: благодат и мирот да ви се умножи во познавањето на Бога и Исуса, нашиот Господ.