1 Солуњаните 5:16-24
1 Солуњаните 5:16-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бидете секогаш радосни, постојано молете се. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја. Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух. Немојте да ги занемарувате пророштвата. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро. Држете се настрана од се што е зло. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.
1 Солуњаните 5:16-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас! Не гаснете Го Духот! Пророштвата не ги омаловажувајте! Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.