Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солунјаните 5

5
1Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова.
2Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе.
3Кога луѓето од овој свет ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни“, тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки и доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи.
4Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.
5Вие и припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.
6Затоа, да не бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.
7Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;
8но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.
9Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,
10Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.
11Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.
12Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што вредно работат меѓу вас, што ве водат во Господовото дело и ве поучуваат;
13искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.
14Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.
15Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.
16Бидете секогаш радосни,
17постојано молете се.
18Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.
19Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.
20Немојте да ги занемарувате пророштвата.
21Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро.
22Држете се настрана од се што е зло.
23Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
24На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.
25Драги пријатели христијани, молете се и за нас.
26Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.
27Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.
28Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.

Селектирано:

1 Солунјаните 5: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност