Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 2:3-5 - Compare All Versions

1 Јован 2:3-5 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди! Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него. Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.

Сподели
1 Јован 2 MNT

1 Јован 2:3-5 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина; а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.

Сподели
1 Јован 2 MK2006

1 Јован 2:3-5 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав“, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него. А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него.

Сподели
1 Јован 2 MKB