Псалми 97
97
ПСАЛМ 97
Господ победоносно владее со светот
1 #
95,1; 143,9; 149,1; Ис 42,10; Откр 5,9; Пс 85,10; 2 Мојс 34,10; Ис 12,5 #
17,35; 20,8; 43,3; 76,15; 88,10.13; 2 Мојс 15,6.16; Ис 30,30; 59,15; 63,4 Псалм на Давид.
Пејте Му на Господа песна нова,
зашто Господ создаде чудесни нешта;
го спаси Неговата десница
и светата мишка Негова.
2 #
66,2; Ис 52,10 Го објави Господ спасението Свое,
пред народите ја откри правдата Своја.
3 #
Ис 52,10; Лк 2,30-31 Си спомна за милоста Своја кон Јаков
и за вистината Своја кон домот Израилев.
Сите краишта земни
го видоа спасението на нашиот Бог.
4 #
65,1; 95,1; 99,1; 146,7; Ис 52,9; 1 Лет 16,23 Воскликни кон Бога, цела земјо,
пеј, радувај се и воспевај.
5 #
32,3; 42,4; 70,22; 150,3; 4 Мојс 10,10 Воспевајте Го Господа на лира,
на лира и со звук од псалтир;
6 #
46,5; 2 Мојс 19,16 со труби ковани и со трубен звук од рог
воскликнувајте пред Царот Господ.
7 #
23,1; 95,11 Нека се потресе морето
и сѐ што го исполнува,
вселената и сите што живеат во неа;
8 #
9,8; 66,4; 88,12; 95,10-13; Ис 55,12 реките со рацете заедно ќе заплескаат,
горите ќе се зарадуваат,
9зашто доаѓа да ѝ суди на земјата;
ќе ѝ суди на вселената со праведност
и на народите во чесност.
Селектирано:
Псалми 97: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024