Псалми 93
93
ПСАЛМ 93
Бог е праведен Судија
1 #
4 Мојс 31,3; 5 Мојс 32,35; 1 Цар 20,16; Ер 50,15; 51,55; Наум 1,2; 1 Сол 4,6 Псалм на Давид, за четвртиот ден од седмицата.
Бог на одмаздите е Господ,
Бог на одмаздите отворено проговори.
2 # Ер 51,56; Плач 3,64 Возвиси се Ти, што ѝ судиш на земјата,
дај им отплата на горделивите.
3 #
6,3; 12,1-2; 73,10; 78,5; 88,46; 89,13; Ер 12,1; Мал 2,17; 3,13 До кога грешниците, Господи,
до кога грешниците ќе се фалат,
4ќе зборуваат и ќе говорат неправда,
до кога ќе говорат сите што вршат беззаконие?
5 #
2 Мојс 22,22-23; 5 Мојс 24,17-21; 26,19; Зах 7,10 Народот Твој, Господи, го понизија,
и наследството Твое го злоставуваа,
6вдовица и туѓинец убија,
и сирак погубија
7 #
9,24.31; 13,1-2; 72,11; Ез 9,9; Јов 22,13-14 и рекоа: „Нема да види Господ,
ниту ќе разбере Бог Јаковов“.
8 #
2,10; 4,2; Изреки 1,22; 8,4 Но разберете вие, безумните во народот,
и вие, избезумени, барем еднаш опаметете се.
9 #
2 Мојс 4,11; Изреки 20,12 Оној што го засади увото, зар нема да чуе?
Или Оној што го вообличи окото, зар нема да види?
10Зар Оној што ги вразумува народите, нема да разобличи,
Тој Истиот што луѓето ги учи на знаење?
11 #
Проп 1,2; 1 Кор 3,20 Господ ги знае помислите човечки,
знае дека се суетни.
12 #
118,71; Јов 5,17; Изреки 3,11-12 Блажен е човекот што го вразумуваш, Господи,
и што со законот Твој го поучуваш,
13за да го успокоиш во денови зли,
додека не му се ископа јама на грешникот.
14 #
1 Цар 12,22; Сир 47,22; Рим 11,1-2 Зашто Господ нема да го отфрли народот Свој
и наследството Свое нема да го напушти,
15додека правдата не се врати на суд,
а и оние што ја поседуваат – сите чесни по срце.
16 #
107,10; 120,1 Кој ќе се крене за мене против лукавите,
или кој ќе застане заедно со мене против оние што вршат беззаконие?
17 #
113,25
Ако Господ не ми помогнеше,
душата моја за малку ќе се населеше во адот.
18Ако кажев: „Се поколеба ногата моја“ –
милоста твоја, Господи, ми помагаше.
19 #
70,21; 85,17; Ис 12,1; 51,11; 57,17; 66,11.13 Господи, според мноштвото на болките во срцето мое,
утехите Твои ја зарадуваа душата моја.
20Нека не биде крај Тебе престолот на беззаконието,
тој што повелбите ги прави мачни.
21Ќе ја ловат душата на праведниот
и ќе ја осудат крвта невина.
22А Господ ми стана прибежиште
и мојот Бог – помош на надежта моја;
23 #
7,16; 62,11; 106,42; Изреки 5,22 ќе им возврати Господ за беззаконието нивно
и според лукавоста нивна Господ Бог ќе ги погуби.
Селектирано:
Псалми 93: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024