Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 90

90
ПСАЛМ 90
Бог е наш вечен заштитник
1Пофална песна на Давид.
Оној што живее под закрилата на Севишниот,
тој ќе се насели под покривот на небесниот Бог.
2 # 17,2 Ќе Му рече на Господа:
„Ти си мој застапник и мое прибежиште,
Бог мој, на Кого ќе се надевам“.
3Зашто Тој ќе те избави од замката на ловците
и од збор што збунува.
4 # 16,8; 5 Мојс 32,11; Рута 2,12; Мт 23,37 Со плеќите Свои ќе те осени
и под крилјата Негови ќе се надеваш;
како оружје ќе те опкружи вистината Негова.
5 # Изреки 3,25; Песна 3,8 Нема да се исплашиш од ноќен страв,
од стрели што летаат дење,
6 # 5 Мојс 32,24; Ер 15,8; Ос 13,14; Сир 34,16 од напаст што демне во темнина,
од зараза и од демон пладневен.
7Покрај тебе ќе паднат илјада и десет илјади десно од тебе,
но до тебе нема да се приближат;
8сепак, со очите свои ќе гледаш
и отплатата на грешниците ќе ја видиш.
9Зашто, Ти си, Господи, надеж моја;
Севишниот Го постави за свое прибежиште.
10 # 5 Мојс 7,15; Изреки 12,21 Зло нема да те снајде
и камшик нема да се приближи до шаторот твој;
11 # Мт 4,6; Евр 1,14 Зашто на ангелите Свои ќе им заповеда за тебе,
да те чуваат на сите патишта твои.
12 # Изреки 3,23 На раце ќе те подигнат,
за да не си ја сопнеш на камен ногата своја.
13 # Ис 11,8; Јов 5,19-22; Мк 16,18; Лк 10,19 На аспида и на змија отровница ќе стапнуваш
и лав и змеј ќе згазиш.
14 # 9,10 Зашто на Мене се надеваше и ќе го избавам;
ќе го покријам, зашто го позна името Мое.
15 # Ис 43,2; Ер 33,3 Ќе повика кон Мене и ќе го услишам;
со него сум во маката,
ќе го избавам и ќе го прославам.
16 # 22,6; 49,23; Јов 5,26; Изреки 3,2; 10,27 Со долгоденствие ќе го исполнам
и ќе му го покажам спасението Мое.

Селектирано:

Псалми 90: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се