Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 83

83
ПСАЛМ 83
Копнеж за Божјото светилиште
1 # 8,1 За крајот, за гмечалките. Псалм за Кореевите синови.
2Колку се мили живеалиштата Твои,
Господи на силите.
3 # 41,2.8; 121,1 Копнее и чезнее душата моја за дворовите Господови.
Срцето мое и телото мое Му се зарадуваа на Бога Живиот.
4 # 5,2 Зашто при жртвениците Твои,
и врапчето си најде дом и грлицата гнездо,
каде што ќе ги положи пилињата свои, Господи над силите,
Цару мој и Боже мој.
5Блажени се оние што престојуваат во домот Твој,
во вечни векови ќе Те фалат.
6Блажен е човекот кому поткрепата му е во Тебе, Господи,
возвишувања во своето срце тој си постави,
7 # Ез 34,26; Јоил 2,23 во долината на плачот, во местото што самиот го назначи.
Зашто Законодавецот ќе даде благослови;
8одете од сила во сила,
Бог на боговите ќе биде виден во Сион.
9Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја;
чуј, Боже Јаковов.
10Боже, Заштитнику наш,
види и погледни на лицето на Својот помазаник.
11Зашто еден ден во дворовите Твои е подобар од илјада други.
Решив: подобро да бидам поттурнат во домот на Бога,
отколку да живеам во живеалиштата на грешниците.
12 # 46,9; 88,18 Зашто милост и вистина љуби Господ Бог,
благодат и слава ќе даде.
Господ нема да ги лиши од добра оние што во непорочност одат.
13Господи, Боже на силите,
блажен е човекот што се надева на Тебе.

Селектирано:

Псалми 83: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се