Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 82

82
ПСАЛМ 82
Молитва за пораз на непријателите
1Песна на псалмот, на Асаф.
2 # 43,23; 49,3; 108,1 Боже, кој ќе Ти се уподоби Тебе?
Немој да премолчуваш,
ниту да се скротуваш, Боже.
3Зашто ете, непријателите Твои кренаа врева
и оние што Те мразат ја подигнаа главата;
4 # Ер 11,19 против народот Твој наумија зло
и се договорија против светиите Твои.
5Рекоа: „Дојдете, та да ги истребиме нив од народите
и веќе нема да се спомнува името Израилево“.
6Зашто заедно и еднодушно се договорија,
против Тебе направија сојуз:
7населбите на Идумејците и Исмаилќаните,
Моавците и Агарјаните,
8Гевал, Амон и Амалик
и другоплеменици со жителите на Тир;
9зашто дури и Асур им се придружи,
па станаа помошници на синовите Лотови.
10 # 2 Мојс 2,15; Суд 4–5; Ис 9,3; 10,26 Направи им како на Мадијам и Сисара,
како на Јавин во потокот Кисон;
11 # Ер 8,2 тие беа истребени во Аендор,
станаа како ѓубриво за земјата.
12 # Суд 7,25; 8,9-20 Постапи со кнезовите нивни како што си постапил со Орив, и Зив, и Зевеј,
и со Салмана, со сите кнезови нивни,
13кои рекоа:
„Да го наследиме за себе светилиштето Божјо“.
14 # 57,9; Ис 17,13; 28,5; Јов 27,21 Боже мој, постави ги како вртлог,
како трска пред лицето на ветрот;
15 # Ис 5,24; 10,17; Ез 21,2 како оган што ќе ја гори шумата,
како пламен што ќе ја запали гората,
16 # Ер 25,32 така ќе ги прогониш со бурата Своја
и со гневот Свој ќе ги ужасиш.
17Исполни ги лицата нивни со срам
и ќе го побараат името Твое, Господи.
18 # 45,11; 96,9; Ис 42,8 Нека се засрамат и ужаснат во вечни векови,
и нека бидат посрамени и уништени
19и да познаат дека Тебе името Ти е Господ;
единствено Ти си Севишен по целата земја.

Селектирано:

Псалми 82: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се