Псалми 69
69
ПСАЛМ 69
Молитва за помош против прогонителите
1 #
24,2; 30,1-3 За крајот. На Давид, за спомен,
2за да ме спаси Господ.
Боже, дојди ми на помош.
3Нека поцрвенат и нека се засрамат
оние што ја бараат душата моја;
нека се вратат назад и нека се посрамат
оние што ми посакуваат зло;
4веднаш нека се вратат засрамени
оние што ми велат: „Добро е! Добро е!“
5Да се зарадуваат и развеселат за Тебе сите што Те бараат
и оние што го љубат спасението Твое,
секогаш да велат: „Да се возвеличи Бог!“
6Јас, пак, беден сум и сиромав, помогни ми, Боже.
Помошник мој и Избавител мој си Ти, Господи, не задоцнувај.
Селектирано:
Псалми 69: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024