Псалми 66
66
ПСАЛМ 66
Благодарност кон Бога за благословот излиен врз сите народи
1За крајот, во химни. Псалм на песната.
2 #
4,6; 30,16; 4 Мојс 6,24-25 Боже, смилувај се на нас и благослови нѐ,
Твоето лице нека засветли врз нас.
3 #
Ер 33,9; Дела 28,28 Да се познае на земјата патот Твој,
меѓу сите народи – спасението Твое.
4Да Те исповедаат и фалат народите, Боже,
да Те исповедаат и фалат сите народи.
5 #
81,8; 97,9 Да се возвеселат и зарадуваат народите,
зашто ќе им судиш на луѓето чесно
и народите што се на земјата ќе ги водиш.
6Да Те исповедаат и фалат народите, Боже,
да Те исповедаат и фалат сите луѓе.
7 #
84,12; 3 Мојс 26,4; Ез 34,27; Ос 2,21-22 Земјата го даде плодот свој;
благослови нѐ Боже, Боже наш.
8Благослови нѐ, Боже,
и нека се бојат од Него сите краишта на земјата.
Селектирано:
Псалми 66: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024