Псалми 58
58
ПСАЛМ 58
Молитва за помош и избавување од непријателите
1За крајот. Не погубувај!
На Давид, за натпис на столб, кога испрати Саул стража и го чуваше домот негов за да го убие.
2Извлечи ме од непријателите мои, Боже,
и од оние што стануваат против мене – ослободи ме;
3избави ме од оние што прават беззаконија
и од луѓе крвници спаси ме.
4 #
Изреки 1,11
Зашто, ете, ја уловија душата моја,
против мене застанаа силници,
а не беззаконието мое,
ниту гревот мој, Господи;
5 #
7,6
трчав без беззаконие и направо;
стани, пресретни ме и види.
6 #
34,23
И Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев,
поитај да ги посетиш сите народи,
немој да ги сожалуваш сите што вршат беззаконие.
7 #
21,16; 54,10 Ќе се вратат навечер, и ќе огладнат како куче
и ќе го обиколуваат градот.
8 #
51,2; 54,21; 56,4; 63,3 Ете, ќе викаат со устата своја
и меч има на усните нивни;
зашто си велат: „Кој ќе чуе?“
9 #
2,4; 36,13 А Ти, Господи, им се потсмеваш,
ќе ги поразиш сите народи.
10Силата моја за Тебе ќе ја чувам,
зашто Ти си, Боже, заштитник мој.
11 #
53,7
Бог мој – милоста Негова ќе ме престигне;
мојот Бог ќе ми ја покаже среде непријателите мои.
12Не погубувај ги, за да не го заборават законот Твој;
расеј ги со силата Твоја и собори ги,
заштитнику мој, Господи.
13 #
Изреки 12,13; 17,6 Гревот е на устата нивна,
зборот е на усните нивни,
па нека бидат фатени во горделивоста своја;
свршетокот на клетвата и на лагата ќе биде објавен
14 #
45,9-10; 82,18; Ез 5,13; 6,11; 12,12 во крајниот гнев и веќе нема да постојат.
И ќе познаат дека Бог господари над Јаков,
над краиштата земни.
15Ќе се вратат навечер, и ќе огладнат како куче
и ќе го обиколуваат градот.
16Тие ќе се расеат за да јадат;
а ако не се наситат, уште и ќе роптаат.
17 #
16,15
А јас ќе ѝ пеам на силата Твоја
и ќе се зарадувам наутро за милоста Твоја,
зашто стана заштитник мој
и прибежиште мое во денот на неволјата моја.
18Помошник мој си, Тебе ќе Те воспевам,
зашто Ти, Боже, си заштитник мој,
Бог мој, милост моја.
Селектирано:
Псалми 58: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024