Псалми 53
53
ПСАЛМ 53
Молитва за спасение
1За крајот, во химни, за поучување, на Давид,
2кога дојдоа Зифеите и му рекоа на Саул: „Ете, зар Давид не се скри кај нас?“
3Боже, во името Твое спаси ме
и со силата Твоја суди ми.
4Боже, услиши ја молитвата моја,
чуј ги зборовите од устата моја.
5 #
85,14
Зашто туѓинци станаа против мене
и силници ја побараа душата моја
и не Го поставија Бога пред себе.
6 #
117,7
Зашто, ете, Бог ми помага
и Господ е застапник на душата моја.
7 #
51,9
Ќе им го возврати злото на непријателите мои,
со вистината Твоја истреби ги.
8Доброволно ќе Ти принесам жртва,
ќе го прославам името Твое, Господи, зашто е добро.
9Зашто од секаква неволја ме избави
и на непријателите мои погледна окото мое.
Селектирано:
Псалми 53: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024