Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 121

121
ПСАЛМ 121
Во слава на Ерусалим
1 # 26,4; 41,4.6; 42,3; 83,1-4 Песна на искачувањата.
Им се израдував на оние што ми рекоа:
„Во домот Господов да појдеме!“
2Нашите нозе стоеја
во твоите дворови, Ерусалиме.
3 # 47,12-13; Ефес 2,19-22 Ерусалим е соѕидан како град,
слиен е во една целина.
4 # 5 Мојс 16,16; Лк 2,42 Зашто таму се искачија племињата,
племињата Господови,
сведоштвото на Израил,
за да го слават името Господово.
5 # 5 Мојс 17,8; 3 Цар 7,7; 2 Лет 19,8 Зашто таму поставија престоли за суд,
престоли во домот Давидов.
6 # Ер 15,5 Барајте го она што е за мир на Ерусалим
и нека им биде за изобилие на оние што те љубат.
7 # 47,12; Песна 4,4 Мирот нека биде во силата твоја
и изобилието во кулите твои.
8 # 84,8; Ест 10,3 Заради браќата мои и ближните мои,
зборував за мир во тебе.
9 # 25,8; Тов 13,14 Заради домот на Господа, нашиот Бог,
ти посакував добро.

Селектирано:

Псалми 121: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се