Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 120

120
ПСАЛМ 120
Господ е верен Чувар
1 # 122,1; 132,3; Ер 3,23 Песна на искачувањата.
Ги подигнав очите мои кон горите,
од каде што ќе ми дојде помошта.
2 # 3,4; 19,2; 123,8; 133,3; Ос 13,9 Помошта моја е од Господа,
Кој ги создаде небото и земјата.
3 # 65,9; 90,12; 5 Мојс 32,10; 1 Цар 2,9; Изреки 3,24.26; Ис 5,27 Не давај твојата нога да се помести,
ниту Оној што те чува да задреме.
4Ете, нема да задреме,
ниту ќе заспие Чуварот на Израил.
5 # 15,8; 72,23; 90,1; 108,31; Ис 25,4; 48,9; Лк 1,35 Господ ќе те сочува,
Господ е покров твој на твојата десна рака.
6Дење сонцето нема да те гори,
ниту месечината ноќе.
7 # 40,2; 96,10 Господ ќе те сочува од секакво зло,
ќе ја запази Господ душата твоја.
8 # 124,2; 130,3; 1 Мојс 28,15; 5 Мојс 28,6; 4 Цар 19,27; Ис 37,28; Тов 5,17 Господ ќе ги запази влегувањето твое
и излегувањето твое отсега и довека.

Селектирано:

Псалми 120: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се