Псалми 117
117
ПСАЛМ 117
Похвала на Божјиот закон
1 #
99,5; 105,1; 135,1-2 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар,
зашто е довека милоста Негова.
2 #
113,17-19; 134,19-20; 136; Лк 1,50 Да рече домот Израилев дека е добар,
зашто е довека милоста Негова.
3Да рече домот Аронов дека е добар,
зашто е довека милоста Негова.
4Да речат сите што се бојат од Господа дека е добар,
зашто е довека милоста Негова.
5 #
4,1; 17,6.19; 119,1 Од маката Го повикав Господа
и ме услиша на место ширно.
6 #
26,1; 55,4.11; Ис 50,7; 50,11; Рим 8,31; Евр 13,6 Господ ми е помошник
и нема да се плашам од она што ќе ми го направи човек.
7 #
53,5; 111,8 Господ ми е помошник
и јас ќе погледнам смело на непријателите мои.
8 #
145,3
Подобро е да имаш доверба во Господа,
отколку да имаш доверба во човек;
9подобро е да се надеваш на Господа,
отколку да се надеваш на кнезови.
10 #
21,12; 5 Мојс 1,44 Сите народи ме опкружија
и со името Господово ги одвраќав.
11Од сите страни ме опкружија
и со името Господово ги одвраќав.
12Ме опколија како пчели околу саќе,
и пламнаа како оган во трње
и со името Господово ги одвраќав.
13Бев турнат и навален да паднам,
но Господ ме задржа.
14 #
2 Мојс 15,2; Ис 12,2 Господ е моја сила и моја песна
и Тој ми стана за спасение.
15 #
97,1; 137,7; 2 Мојс 15,6 Глас на радост и на спасение
во живеалиштата на праведните:
„Десницата Господова сотвори сила!“
16Десницата Господова ме возвиси,
десницата Господова сотвори сила.
17 #
Ис 38,19; Ер 30,11; 2 Кор 6,9 Нема да умрам, туку ќе живеам
и ќе ги кажувам делата Господови.
18Прекорувајќи, ме искара Господ,
но на смртта не ме предаде.
19 #
23,7-10; Ис 26,2; Јудита 13,13 Отворете ми ги портите на праведноста,
влегувајќи низ нив ќе Го славам Господа.
20 #
Ис 1,26; 25,2; Откр 22,14 Ова е вратата Господова,
праведниците ќе влезат низ неа.
21Ќе Те славам Тебе, зашто ме слушна
и ми стана за спасение.
22 #
Ис 28,16; Зах 3,9; 4,6; Мт 21,42; Мк 12,10-11; Лк 20,17; Дела 4,11; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,7 Каменот што го отфрлија ѕидарите,
стана камен-темелник;
23тоа е од Господ
и чудесно е во нашите очи.
24Ова е денот што го создаде Господ;
да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25 # Неем 1,11 О, Господи, спаси!
О, Господи, упати кон добро!
26 #
128,8; 133,3; Мт 21,9; 22,39; Мк 11,10; Лк 13,35; 18,37; Јн 12,13 Благословен е оној што доаѓа во името Господово;
ве благословивме вас од домот Господов.
27 #
17,28; 3 Мојс 23,40; Ис 60,1; Неем 8,15; 2 Мак 10,7 Бог е Господ и нам ни се јави;
поставете си празник украсен со гранчиња,
дури до роговите на жртвеникот.
28 #
98,5; Ис 25,1 Бог мој си Ти, ќе Те славам;
Бог мој си Ти, и ќе Те возвисувам.
Ќе Те славам зашто ме услиши,
и ми стана за спасение.
29Славете Го Господа, зашто е добар,
зашто е довека милоста Негова.
Селектирано:
Псалми 117: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024