Римјаните 8
8
Ослободување преку Светиот Дух
1Според тоа, сега нема никакво осудување за оние кои се во Христос Исус и кои не се водат по телото, туку по Духот. 2#6,14.18; 2 Кор 3,17Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. 3#Дела 13,38-39; 15,10; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Фил 2,7; Евр 2,17; 7,18Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог. Испраќајќи Го Својот Син во тело подобно на гревовното тело и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, 4#3,31; Гал 5,16.25за да се исполни правдата на Законот во нас, кои се водиме не по телото, туку по Духот. 5Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а оние кои живеат по Дух – за духовното. 6#6,21-22; 7,5; 8,13; Гал 6,8Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир. 7#Јк 4,4Зашто копнежот на телото е непријателство кон Бога, тој не му се покорува на Божјиот закон, ниту пак може. 8#1 Јн 2,15-16А оние, кои живеат по телото, не можат да Му угодат на Бога. 9#1 Кор 3,16; 2 Тим 1,14Вие живеете не по тело, туку по Дух, само ако Божјиот Дух живее во вас. А ако некој го нема Христовиот Дух, тој не е Негов. 10#Гал 2,20Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво поради грев, а духот живее поради праведноста. 11#1 Кор 6,14; 2 Кор 4,14Но ако Духот на Оној што Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној што Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас. 12И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото, за да живееме по телото; 13#Гал 6,8бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе живеете. 14#Гал 5,18Сите оние што се водени од Божјиот Дух, се синови Божји; 15#Мк 14,36; Гал 4,5-7; 2 Тим 1,7зашто вие не примивте дух на ропство, па повторно да се плашите, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“ 16Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. 17#Лк 24,26; Гал 4,7; 2 Тим 2,12; 1 Птр 4,13; Откр 21,7А ако сме чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници на Христос, ако со Него страдаме, со Него и да се прославиме.
Славата што треба да дојде
18 #
2 Кор 4,17
Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата која треба да ни се открие. 19#1 Птр 1,7.13; 1 Јн 3,2Бидејќи сето создание, силно надевајќи се, го очекува откривањето на Божјите синови. 20#Проп 1,2Зашто созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној што го покори, со надеж 21#Ис 65,17; Дела 3,21; 2 Птр 3,12-13; Откр 21,1дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на Божјите чеда. 22Зашто знаеме дека дури до сега целото создание заедно воздивнува и страда во породилни болки. 23#2 Кор 1,22; 5,2-5; Гал 5,5; Фил 3,20-21И не само тоа, туку и ние, што ги имаме првините на Духот, силно воздивнуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. 24#2 Кор 5,7; Евр 11,1Зашто со таа надеж бевме спасени; а видливата надеж не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? 25Но, ако се надеваме на она што не го гледаме, тогаш со трпение го очекуваме. 26#8,15; Јк 4,3.5Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме што би требало да измолиме, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливи воздишки. 27#Пс 138,1-2; Откр 2,23А Оној што ги испитува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата Божја се застапува за светиите. 28#Ефес 1,11А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани според Неговата замисла, сѐ им содејствува за добро; 29#1 Кор 15,49; 2 Кор 3,18; Фил 3,21зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни на ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа. 30#2 Сол 2,13-14А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
Величието на Божјата љубов
31 #
Пс 117,6
Тогаш, што да речеме за ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас? 32#5,6-11; 1 Мојс 22,17; Јн 3,16Оној што не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, зар нема да ни подари со Него сѐ? 33#Ис 50,8-9Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог е Тој што оправдува! 34#Евр 7,25; 1 Јн 2,1Кој е тој што ќе ги осуди? Христос Исус, Кој умре, а згора на тоа и беше воскреснал, и Кој е од десната страна на Бога и се застапува за нас! 35Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали маката? Или тегобата? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот? 36#Пс 43,22; 2 Кор 4,11; 2 Тим 3,12Како што е напишано: „Заради Тебе постојано нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“ 37#Јн 16,33Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној што нѐ возљуби. 38Зашто сигурен сум дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни началата, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, 39ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од Божјата љубов која е во Христос Исус, нашиот Господ.
Селектирано:
Римјаните 8: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023