Римјаните 16
16
Лични поздрави
1 #
Дела 18,18
Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја: 2примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и на мене самиот. 3#Дела 18,2-3.18.26; 1 Кор 16,19; 2 Тим 4,19Поздравете ги Прискила и Акила, моите сотрудници во Христос Исус – 4кои за мене го ризикуваа својот живот; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од доскорешните незнабошци – и нивната домашна црква. 5#1 Кор 16,15.19; Кол 4,15; Фил 1,2Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод во Христос од Ахаја. 6Поздравете ја Маријам, која многу се трудеше за нас. 7#2 Кор 8,23Поздравете ги Андроник и Јунија, моите сродници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене поверуваа во Христос. 8Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплиј! 9Поздравете го Урбан, нашиот сотрудник во Христос, и мојот возљубен Стахиј! 10Поздравете го Апелиј, докажаниот во Христос! Поздравете ги сите од Аристовуловото семејство! 11Поздравете го мојот сродник Иродион! Поздравете ги оние од Наркисовото семејство, кои се во Господ. 12Поздравете ги трудбеничките за Господ, Трифена и Трифоса. Поздравете ја возљубената Персида, која многу се трудеше за Господ. 13#Мк 15,21Поздравете го Руф, избраниот во Господ, како и неговата и моја мајка! 14Поздравете ги Асинкрит, Фелгонт, Ерма, Патрова, Ермиј и браќата што се со нив! 15Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, и Олимпа и сите светии што се со нив! 16#1 Кор 16,20; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат Христовите цркви! 17#Мт 7,15-20; Тит 3,10; 2 Јн 1,7-10Ве молам, браќа, пазете се од оние, што предизвикуваат раздори и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив! 18#Фил 3,19; Кол 2,4; Тит 1,10-14; 2 Птр 2,3Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на својот стомак, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на незлобивите. 19#1,5.8; Мт 10,16; 1 Кор 14,20Вашата послушност им е позната на сите: затоа се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото. 20#15,33; 1 Мојс 3,15А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. 21#Дела 16,1-3; 17,5Ве поздравуваат мојот сотрудник Тимотеј и моите сродници Лукиј, Јасон и Сосипатар. 22#Гал 6,11; 2 Сол 3,17Ве поздравувам во Господ и јас Тертиј, кој го напишав ова послание. 23#Дела 19,22.29; 2 Тим 4,20Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт. 24Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!
Селектирано:
Римјаните 16: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023