Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 3

3
Ветување за повторно Христово доаѓање
1Возљубени, веќе ви го пишувам ова второ послание; во двете потсетувајќи ве и будејќи го вашиот чист разум 2#1,18-20; Јуда 1,17за да си спомнете на зборовите, претходно кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадена преку вашите апостоли. 3#1,16; 2,1; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1; Јуда 1,18Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните денови ќе дојдат подбивачи, кои ќе ги следат своите похоти, 4#Ис 5,19и ќе велат: „Каде е ветувањето за Не­говото доаѓање? Зашто, откако нашите тат­ков­ци починаа, сѐ си стои така како од почетокот на созданието.“ 5#1 Мојс 1,6-9Бидејќи тие намерно превидуваат дека, преку словото Божјо од почетокот имаше небеса и земјата беше составена од вода и преку вода, 6#1 Мојс 7,11-21; Мт 24,38-39; 1 Птр 3,20преку која тогашниот свет загина, потопен од вода. 7#Мт 3,12; Рим 2,6Сегашните, пак, небеса и земја, пазени од истото слово, се чувани за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе. 8#Пс 89,4Но само ова не превидувајте го, возљубени, дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден. 9#Авак 2,3; Сир 35,19; Лк 18,7; Рим 2,4; 1 Тим 2,4Господ нема да задоцни со ветувањето, како што некои ова го сметаат за задоцнување; но долго време нѐ трпи, бидејќи не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание. 10#Мт 24,29.43-45; 1 Сол 5,2; Откр 20,11; 21,1И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќта; тогаш небесата со голема бучава ќе преминат, и стихии­те распламтени ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори. 11И така, бидејќи сето тоа ќе се раз­руши, какви треба да бидете вие во светото поведение и благочестие, 12#Ис 34,4; Дела 3,19-20штом го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата разгорени ќе се разрушат и стихиите распламтени ќе се стопат! 13#Ис 60,21; 65,17; 66,22; Рим 8,19; Откр 21,1.7Но ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои ќе живее правдата.
Поттикнување на будност
14 # Јуда 1,24 Затоа, возљубени, очекувајќи го ова, погрижете се пред Него да из­лезете со мир, неосквернети и не­по­рочни; 15#Дела 2,4; 1 Тим 1,15-16и долготрпеливоста на нашиот Гос­под сметајте ја за спасение – како што ви напиша и нашиот возљубен брат Павле, според дадената му мудрост; 16како што и зборува за ова во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неуките и неутврдените ги изопачуваат, како и останатите Писма, за своја погибел. 17#Евр 2,1Вие, пак, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се да не бидете заведени од измамата на беззакониците, и да не отпаднете од својата утврденост, 18#Рим 16,24; Јуда 1,25но растете во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спа­сител Исус Христос. Нему слава и сега и во вечниот ден. Амин!

Селектирано:

2 Петар 3: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се