1 Коринтјаните 4
4
Павле и Коринтјаните
1 #
Ефес 3,2; 1 Тим 3,9; Тит 1,7; 1 Птр 4,10 Така, секој човек нека нѐ смета за Христови служители и за управители на Божјите таинства. 2А од управителите се бара секој од нив да се покаже верен. 3Мене ми е сосема сеедно дали ќе бидам суден од вас или од судот на другите луѓе; та и самиот себеси не се судам, 4зашто во мене не пронаоѓам никаква вина; иако со тоа не сум оправдан: Господ е Тој што ќе ми суди. 5#Мт 7,1; Рим 2,16.29Затоа, не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе ја прими својата пофалба од Бога. 6Ова браќа, заради вас го применив на себе и на Аполос, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого. 7Зашто, кој те смета за нешто посебно? Што имаш, а да не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил? 8#Откр 3,17Веќе сте презаситени, веќе се збогативте, се зацаривте без нас; но камо среќа навистина да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! 9#15,31; Рим 8,36; 2 Кор 4,11; Евр 10,33Мислам дека нас апостолите Бог нѐ постави најпоследни, како осудени на смрт, зашто станавме глетка за светот – и за ангели и за луѓе. 10Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. 11#2 Кор 4,8-12; 6,4-10; 11,23-27До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени одиме, и нѐ тепаат и бездомни скитаме, 12и се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – истрајуваме; 13кога хулат на нас – одговараме кротко. Станавме како ѓубриштата од светот, отпадок од сите луѓе до денес.
Павловата татковска грижа
14 #
2 Кор 6,13; 1 Сол 2,7 Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда. 15#1 Сол 2,11; Фил 1,10Зашто, и да имате десетина илјади учители во Христос, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Христос Исус преку благовестието. 16#11,1Затоа, ве молам, бидете мои подражатели. 17Поради тоа ви го пратив Тимотеј, кој е мое возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ве потсети за моите патишта во Христос, онака како што насекаде и во секоја црква поучувам. 18Некои се возгордеаја, небаре не ќе дојдам кај вас; 19но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не зборовите, туку силата на оние што се возгордеале, 20#2,4; Мт 12,28; Мк 9,1; Рим 14,17; 15,13зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила. 21#2 Кор 10,2; Гал 6,1Што сакате? Да дојдам кај вас со стап, или со љубов и кроток дух?
Селектирано:
1 Коринтјаните 4: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023