Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 2

2
Порака за распнатиот Христос
1И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост, 2#Гал 6,14бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот. 3#2 Кор 10,10; 11,30И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голем трепет. 4#4,20; Мт 10,20; Лк 9,1-2; 10,19; Рим 15,19; 2 Кор 6,7; 1 Сол 1,5Моето слово и мојата проповед не се состоеја од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата, 5#Ефес 1,19; 1 Птр 1,5за вашата вера да не почива на чо­вечка мудрост, туку на Божјата сила.
Божјата мудрост
6 # 15,24.25; Ефес 6,12; Јк 3,13-18 Па сепак, говориме мудрост меѓу совршените, но мудрост не од овој свет, ниту, од владете­ли­те на овој свет, кои се минливи, 7#Ефес 1,9; 3,4.5.9; Кол 1,26-27туку говориме Божја муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предопределил за на­ша слава пред сите векови, 8#Јн 1,10; Дела 13,27која не ја спознал никој од владетелите на овој свет; зашто, ако ја беа спознале, немаше да Го распнат Господ на славата. 9#Ис 52,15; 64,3Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту до срцето на човек допрело, тоа Бог го пригот­вил за оние што Го љубат.“ 10#Јов 11,7-8; Изреки 20,27; Дан 2,22А нам тоа Бог ни го откри преку Својот Дух, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабочини. 11Зашто, кој од луѓето знае што има во човекот, освен човечкиот дух што е во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Духот Божји. 12#Јн 16,13; Ефес 1,17Но ние го примивме не духот од овој свет, туку Духот Кој е од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; 13#Јн 14,26па тоа и го говориме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: расудувајќи за духовното на духовен начин. 14#15,44-46; Јк 3,15; Јуда 1,19Телесниот човек не го прима она што е од Духот Божји: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа се ис­питува духовно. 15#14,24; 1 Јн 2,20Духовниот, пак, испитува сѐ, а тој самиот од никого не е испитуван. 16#Ис 40,13; Ер 23,18; Рим 11,34Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да Го поучи? А ние имаме ум Христов.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се