1 Коринтјаните 14
14
Дарови во заедницата
1 #
12,10.31; 14,39; 1 Сол 5,20 Стремете се кон љубовта; ревнувајте за духовните дарови, а особено да пророкувате. 2Зашто, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а тој со Духот кажува тајни. 3#Дела 9,31; 1 Сол 2,12А кој пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, утешување и охрабрување. 4Кој зборува на друг јазик, тој се надградува себеси; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата. 5#4 Мојс 11,29Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто оној што пророкува е поголем од оној што зборува јазици – освен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата. 6А сега, браќа, ако дојдам кај вас, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштам откровение или знаење, или пророштво, или поука? 7И бездушните предмети што даваат звук, како кавалот или лирата, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата? 8И, ако трубата дава неодреден звук, тогаш кој ќе се готви за битка? 9Така и вие, ако со јазикот не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере кажаното? Ќе говорите во ветер. 10Во светот има којзнае колку разни говори, и ниеден од нив не е без значење. 11Ако, пак, не го разбирам значењето на тие говори, тогаш за оној што зборува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене ќе е туѓинец. 12Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилство, за надградување на Црквата. 13#12,10Затоа, оној што зборува на друг јазик, нека се моли за дар да може да го толкува. 14#Ефес 5,19; 6,18; Јуда 1,20Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух, а мојот ум останува бесплоден. 15Па што да се прави? Ќе се молам со духот, но ќе се молам и со умот; ќе воспевам со духот, но ќе воспевам и со умот. 16#2 Кор 1,20Зашто, ако благословуваш со духот, како некој што е неук ќе рече: „Амин!“ на твоето благодарење, кога не разбира што велиш? 17Ти навистина благодариш убаво, но другиот не се изградува. 18Му благодарам на мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас; 19но в црква повеќе сакам да кажам пет разбирливи зборови, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик. 20#Рим 16,19; Ефес 4,14; Фил 3,15Браќа, не бидете деца по умот; за злото бидете како дечиња, а по умот бидете зрели. 21#Ис 28,11-12Во Законот е напишано: „Преку луѓе со туѓи јазици и преку усните на туѓинци ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме послуша, вели Господ.“ 22Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; а пророштвата не се знак за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат. 23#Дела 2,13 И така, ако целата црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и неуки луѓе или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе? 24#2,15; Јн 16,8; Ефес 5,13Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој неверник или неук човек, тој од сите ќе биде обвинуван и од сите ќе биде осудуван, 25#4,5; 3 Цар 18,39; Ис 45,14; Зах 8,23; Дан 2,47па така тајните на неговото срце ќе излезат на виделина, и тој ќе падне ничкум, ќе Му се поклони на Бога и ќе изјави: „Бог навистина е со вас.“
Редот во Црквата
26 #
12,7-10; 14,6; Рим 14,19; Ефес 4,12 Па што тогаш, браќа? Кога се собирате, секој од вас има нешто – кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување. Сѐ нека биде за надградување. 27Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека говорат по двајца или најмногу тројца, и тоа со ред, а еден нека толкува. 28А ако нема толкувач, тогаш в црква нека молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога. 29#1 Сол 5,19-21Пророците, пак, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека расудуваат. 30Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи. 31И така, еден по еден, сите можете да пророкувате, та сите да се поучат и сите да се охрабрат. 32#2 Птр 1,21; Откр 19,10; 22,6И пророчките духови им се покоруваат на пророците; 33#11,3; 1 Тим 2,11-12; Ефес 5,22-24; Тит 2,5; 1 Птр 3,1.5зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите, 34#1 Мојс 3,16вашите жени нека молчат во црквите. Ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот. 35А ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома; зашто срамно е за жените да зборуваат в црква. 36Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна? 37#1 Јн 4,6Ако некој мисли дека е пророк или духовен, нека знае дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди. 38А ако некој не разбира, нека не разбира. 39#1 Сол 5,20И така, браќа, покажете ревност за пророкување и не го забранувајте говорењето на други јазици. 40Сѐ нека биде пристојно и уредно.
Селектирано:
1 Коринтјаните 14: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023